Search

„Огнените“ иницираа отстранување на дефиницијата 20% за употреба на албанскиот јазик

Тројца пратеници на Собранието на Северна Македонија, Изет Меџити, Мерита Коџаџику и Кастриот Реџепи, кои се дел од Фракцијата на ДУИ, денеска иницираа уставни измени што се однесува до бугарското прашање, но и за отстранување на дефиницијата 20% во однос на употребата на албанскиот јазик.

Предлогот до Комисијата за уставни измени при Министерството за правда и кој го носи потписот на тројцата пратеници, го поднесе потпретседателот на Форумот на млади на Демократската унија за интеграција и дел од Фракцијата, Јетмир Асани, заедно со група млади луѓе.

„Со оваа иницијатива уште еднаш го потврдуваме нашиот став дека сме за уставни измени во однос на бугарското прашање и силно стоиме на европскиот пат. Но, во исто време цениме дека е политички момент дефиницијата 20% за албанскиот јазик да се тргне од Уставот, бидејќи Уставот не се отвора секој ден, а сега имаме можност истовремено да го ставиме спроведување на албанскиот јазик на неговото вистинско место”, изјави Асани пред да го поднесе предлогот.

Во прилог го имате целосниот предлог на тројцата пратеници доставен денеска до Комисијата за уставни измени при Министерството за правда, како и линкот со видео-снимката и изјавите.

Треба да знаете
Последни објави