Search

Автобусите утре по неделен возен ред, жичарницата ќе работи вообичаено

Утре,  поради државниот празник „Св.Кирил и Методиј“, Денот на сесловенските просветители, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Од ЈСП „Скопје“ информираат дека билетарниците и центрите за персонализација нема да работат. Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што од 19 до 19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.

Треба да знаете
Последни објави