Search

„Продолжуваме со промената” и ГЕРБ се договорија за заедничка влада со ротирачки премиери во Бугарија

Лутите ривали кои освоија најголем број гласови на последните петти за две години предвремени парламентарни избори во Бугарија, партиите на поранешните премиери Кирил Петков -„Продолжуваме со промената“ и на Бојко Борисов – ГЕРБ, се договориле да формираат политичка влада во вториот мандат, со ротирачки премиери на девет месеци.

Во првите девет месеци, премиер ќе биде предлогот на Петков, односно Николај Денков, а вторите девет месеци предлогот на Борисов, доскорешната еврокомесарка Марија Габриел. Гласањето во Собранието за новата Владата се очекува наредната недела.

Формирањето на заедничка влада ја потврдија двете водечки партии во Бугарија.  

Во првите 9 месеци Габриел ќе биде вицепремиер и министер за надворешни работи, потоа Денков ќе биде вицепремиер. Составот на влада што предложи „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ може да се ревидира.

„Вториот мандат ќе биде национален и ќе се користи за стабилна влада околу која ќе се формира уставно мнозинство“, рече Габриел.

Според Денков, ќе се искористи акумулираната динамика меѓу двете земји и дискутираната законодавна програма. За измени на Уставот ќе се бара и мнозинство од 160 пратеници.

Во 15 часот Габриел треба да му го врати мандатот за формирање влада на претседателот Румен Радев.

Треба да знаете
Последни објави