Search

Докторката одговори на обвинувањата дека пуштала народна музика на децата од „Рибникар“ и „ги поврзувала со душите на нивните починати соученици“

Докторката Ранка Радуловиќ одговори на изјавите на таткото на девојче кое беше убиено во пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, дека им пуштала народна музика на децата во тоа училиште и „ги поврзувала со душите на нивните починати соученици“.

„Време на жалост. Некој тагува во тишина. Некој преку медиумите. Некој пружа психијатриска прва помош. На повик. Со срце, ум и искуство. Сите со ред. Наставниците, учениците и родителите. Граѓаните. На прва линија. Не еден, сите денови. Секогаш“, наведе Радуловиќ.

Негиќ, чија ќерка беше меѓу децата кои беа убиени на 3 мај во ОУ „Владислав Рибникар“, синоќа во емисија на „Нова“ изјави дека некои од децата на психотерапија „слушале народна музика“ откако се вратиле на училиште и како што рече, „се поврзале со духовите на нивните соученици во присуство на терапевтот“.

Тој кажа и дека вчера бил на состанок на родителите на настраданите деца со претставници на сите релевантни институции на Србија и дека прашал која е докторката Ранка Радуловиќ, и дека никој од присутните не знаел за кого станува збор, пренесува Н1.

„Исто така, настана тишина кога денеска го изнесов ова на таа седница“, рече Негиќ.

Тој објасни и дека „докторката Ранка Радуловиќ е вработена во невропсихијатриското одделение на КБЦ и е пратена од Министерството за здравство како некој што треба да им помогне во оваа ситуација на децата и нам, на родителите“.

Негиќ рече дека ќе ги искористи сите правни средства „таа докторка никогаш повеќе да не работи“ и наведе дека директорката во извештајот што го напишала за напредокот на децата во врска со работата со терапевтот во еден дел напишала дека „во почетокот имаше одредени проблеми во комуникацијата меѓу децата и терапевтот, но тие проблеми се надминати и е воспоставен континуитет во психотерапевтската помош“.

„Ако од оваа реченица некој во тоа гледа јавна намера да се каже што се случило нека каже, јас не гледам“, рече тој.

Негиќ додаде дека ќе ги искористи сите законски средства „за овој доктор никогаш повеќе да не работи“.

Наставата во ОУ „Владислав Рибникар“ продолжи и денеска, со намалени часови, без оценување и со присуство на шест полицајци во училиштето во секоја смена. Некои родители, пак, бараат да се заврши учебната година за тоа училиште.

На 3 мај се случи масовно убиство кога тринаесетгодишен ученик од седмо одделение уби девет ученици и училишниот чувар.

Треба да знаете
Последни објави