Search

Децата од ОУ „Владислав Рибникар“ не мора да посетуваат настава доколку не се подготвени за тоа, соопштија од Владата на Србија

Децата од ОУ „Владислав Рибникар“ кои не се подготвени да одат на настава не мораат да ја посетуваат, а секое дете и неговите родители во секое време ќе можат да ја сменат таа одлука, стои во најновото соопштение на Министерството за образование на Србија.

dobivaj vesti na viber

Како што е соопштено, ова се препораките:

1. Секое дете кое не се чувствува подготвено не мора да посетува настава

2. Часовите, како и другите облици на поддршка на процесот на учење, се одржуваат исклучиво за деца чии родители изразиле желба за тоа.

3. Секој родител има можност, во секое време, да ја промени одлуката во согласност со моменталните чувства на своето дете.

4. Министерството за образование подготвува предлог за посебен модел на упис во средно училиште за учениците од 8-мо одделение од ОУ Владислав Рибникар, кој најпрво треба да им биде претставен на родителите.

По 19 дена од трагедијата, наставата во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ е обновена од понеделник на 22 мај, потврди за Радио-телевизија на Србија (РТС) Снежана Вуковиќ од Министерството за образование. Во ова училиште наставата беше прекината по 3 мај, кога 13-годишен ученик во напад со огнено оружје уби девет ученици и чуварот. Наставата во наредните денови ќе се одвива со зголемено присуството на полицијата.

Претставничката на српското Министерството посочи дека децата во ова училиште ќе имаат повеќе часови отколку во изминатите две недели, кога децата имаа по два до три часови дневно.

Треба да знаете
Последни објави