Search

Град Скопје: Политичката реалност креирана од коалицијата СДСМ-ДПМНЕ единствено се базира на лаги и измислици

Реакција на Град Скопје на изјава на претседателот на Градска Организација СДСМ – Скопје Васко Кичевски

„Жалиме што се уште постојат луѓе кои мислат дека 1000 пати кажана лага ќе стане вистина, но политичката реалност во Македонија креирана од коалицијата СДСМ-ДПМНЕ единствено се базира на лаги и измислици.

Градот Скопје ниту е блокиран ниту е во банкрот. Редовно се сервисираат тековните обврски, а без пречка се реализираат сите проекти.

Градот Скопје е единствена институција во Македонија која работи со позитивни резултати и покрај политичките и институционалните обврски. Меѓу останатото сме единствена институција која прва линеарно ги зголеми платите.

Васко Кичевски може да го смета ова соопштение како демант, да се извини во законскиот рок и да го повлече кажаното, во спротивно вистината ќе треба да ја докаже на суд.

Треба да знаете
Последни објави