Search

Медведев го победи Циципас за финале во Рим

Русинот Данил Медведев за прв пат во кариерата ќе игра финале на Мастерсот на земјена подлога во Рим, откако во второто полуфинале од серијата 1.000 во кариерата на таква подлога успеа да го совлада „непријателот“ Гркот Стефанос Циципас – 7:5, 7:5.

Имено, двајца не се поднесуваат откако „почнаа војна“ во 2018 година на Мајами опен. Тогаш Гркот, неочекувано за Русинот, побара пауза за да оди во тоалет, а некои коментари за време на дуелот доведоа до тоа Медведев да му каже на својот ривал „е…. замолчи“ откако се поздравија на мрежата.

Циципас еднаш го нарече овој ривал „досаден“, зборувајќи за стилот што го користи Медведев, а рускиот тенисер потоа го нападна за коментарите што Гркот го даде за Андреј Рубљов. Конфликтот продолжил во Рим, па не се поздравиле кога се сретнале приватно… На радост на вистинските љубители на тенисот, ривалите се поздравија по мечот- дури откако Медведев изведе победнички танц во својата половина на теренот.

Тешкиот меч за двајцата тенисери започна со одбивањето да се сликаат заедно пред првиот сервис, а потоа дождот направи проблеми. Посебно на Медведев, кој се расправаше со судијата зашто треба да сервира по таков дожд и ја загуби брејк предноста. Сепак, судијата го прекина мечот пред Циципас да сервира за 4:4 во првиот сет.

Потоа дојде до нов прекин, но на најубавиот терен на светот во Рим, за среќа на Русот, но и на публиката мечот продолжи. Медведев успеа да дојде до брејк за првиот сет иако Циципас имаше водство од 40:0 во 11. гем.

И во вториот сет Медведев прв стигна до брејк, уште во првиот гем, но следеше период на одлична игра на Циципас, тој го врати брејкот, но Русинот потоа покажа дека е покомплетен играч. , со уште еден брејк во 11. гем.

Доколку утре во финалето го победи Данецот Хогер Рун, Медведев ќе се пробие на втората позиција на АТП листата веднаш зад Карлос Алкарас.

Треба да знаете
Последни објави