Search

Oколу 162 милиони фунти потрошила британската влада за погребот на кралицата Елизабета

Британската влада потрошила 161,7 милиони фунти (204 милиони американски долари) за државниот погреб на кралицата Елизабета, објави Министерството за финансии. Откако кралицата Елизабета почина на 8 септември на 96-годишна возраст, земјата прогласи 10 дневна жалост, која заврши со погребот на 19 септември.

Околу 250.000 луѓе го посетија ковчегот, кој беше изложен во Вестминстерската сала, за да и оддадат почит на кралицаѕта. „Приоритет на Владата беше настаните поврзани со погребот да се одвиваат непречено и со соодветна доза на достоинство, а во исто време безбедноста на граѓаните да е загарантирана во секое време“, напиша министерот за финансии Џон Глен во писмото до парламентот.

Најголем дел од парите, 73,7 милиони фунти, отишле во Министерството за внатрешни работи, одговорно за одржување на редот и националната безбедност. Полицијата на градот Лондон распореди најголем број полицајци досега на улиците, велејќи дека тоа е нивната најголема безбедносна операција во историјата, пренесуваат медиумите.

Според написите, на погребот се собраа бројни светски лидери и монарси. Полициското обезбедување беше посилно отколку на Олимписките игри во 2012 година и на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата.

Треба да знаете
Последни објави