Search

Нови снимки од дивеењето во хотелот во Охрид: Студентит ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци

На претходната снимка може да се види инвентарот на хотелот, скршени стакла, пивски шишиња на покривот, тоалет кој изгледа како да е запален… Денеска во редакцијата доаѓа продолжение на дивјаштвото во хотелот, фрлање прозорци низ прозорец, лустер наместо чаши и ’исчезнување’ на кревети од собите, објави хрватски 24сата.

– Беше тоа вистински „крш и лом“. Сите дојдовме овде да се опуштиме, а некои малку ја преминаа границата, како што можете да видите. Да не зборуваме како снимаа се и се фалат со тоа на мрежите – ни изјави студент кој учествуваше на „Дифовијадата“.

На социјалните мрежи продолжуваат да се шират видеа од дивата забава на студентите на 12 кинезиолошки факултети од Хрватска и регионот. Сите учествуваа во Охрид на, како што велат, традиционалниот собир на студентите „Дифовијада“.

Хрватските медиуми контактирале со хотелот во Охрид каде беше пријавено нарушувањето.

– Многу сме изненадени. Имаме големи групи студенти кои доаѓаат да се дружат овде. Никогаш до сега немало проблем, изјави претходно хотелскиот менаџер во Охрид во Македонија.

Претседателот на загрепските студенти зборуваше за се и ја кажа својата страна на приказната.

-Тој кат воопшто не е од Загреб, ни потврди менаџерот дека за таа соба се виновни инсталациите и дека не е намерно запалена. Постојано бев некаде и не можам се да контролирам, но веднаш и пишавме на групата да нема прават проблеми, изјави вчера Мартин Стојчевиќ, претседател на Студентскиот сојуз на КИФ.

Видеото можете да го погледнете на следниот ЛИНК.

Треба да знаете
Последни објави