Search

Надал нема да учествува на Ролан Гарос

Рафаел Надал (36) нема да настапи на Ролан Гарос! Информациите се уште не се официјални, но шпанските медиуми пишуваат дека најдобриот играч во историјата на парискиот Грен слем (14 титули) ќе ги потврди на прес-конференција во неговата Академија во четврток.

Тоа значи дека Шпанецот за прв пат во кариерата нема да игра на својот омилен турнир, каде го изгради статусот на спортска икона, а чии организатори пред две години му изградија споменик на главниот влез.

„Надал не се опорави од повредата на колкот што го оддалечи од турнејата од февруари. Ја загуби битката со времето, откако ги откажа Монте Карло, Барселона, Мадрид и Рим последователно“, пишува Мундо Депортиво.

Луѓето од тимот на Надал им рекоа дека Рафа детално ќе ја објасни својата ситуација на прес-конференцијата. Таму ќе открие дали ќе игра или не на Ролан Гарос, како и ќе ги наведе причините за неговата одлука“, изјави неименуван извор, цитиран од агенциите.

Мундо Депортиво додава дека тоа е „најкомплицираниот момент досега“ за Надал, кој на 3 јуни ќе наполни 37 години.

Посочуваат и дека е на крстопат и дека проблемите со повредите се многу поголем аларм од тоа што доколку не игра во Париз, ќе испадне од топ 100. Првите проценки беа дека ќе се врати во шест до осум недели, но веќе неколку пати беше одложувано неговото враќање. Сигурно е дека новото откажување повторно ќе ги разгори шпекулациите за можен крај на неговата кариера.

Ролан Гарос започнува на 28 мај, а прв фаворит за титулата е сонародникот на Надал, 20-годишниот Карлос Алкараз, кој во понеделник ќе го преземе Новак Ѓоковиќ на првото место на АТП-листата.

Треба да знаете
Последни објави