Search

(Видео) Ајкула нападна кајак на Хаваи, рибарот успеал да ја исплаши

Рибарот Скот Харагучи бил нападнат од ајкула додека бил во својот кајак на Хаваи.

Харагучи, кој тогаш брзо реагирал, успеал да ја исплаши ајкулата со нога, објави „Скај њуз“.

„Ајкула! Ме нападна ајкула!“, се слуша како Харагучи вика по нападот снимен на „Го Про“ камера на кацигата.

На каналот Јутјуб напиша дека сè се случило толку брзо што не сфатил што точно се случило додека не го погледнал видеото дома.

– Не сфатив дека ја извадив левата нога од вода за да се заштитам од ударот и всушност со неа ја турнав главата на ајкулата – рекол тој.

Харагучи истакна дека ако од него се побара да го направи тоа повторно, дури и без ајкулата, тој не мисли дека би имал флексибилност.

– Имав многу лоша среќа што ме нападна, но многу среќа затоа што го снимив – изјави тој за локалната телевизија КИТВ.

Според Одделот за водни ресурси на Хаваи (ДАР), имало четири напади на ајкули во 2023 година.

Треба да знаете
Последни објави