Search

Притвор и мерка за претпазливост е изречена за узурпаторите на дворот во поликлиниката “Бит Пазар“

Две лица кои со багер влегоа во дворот на поликлиниката Бит Пазар, со намера без дозвола да изградат експресно за време на викендов паркинг-простор кривично ќе одговараат за “Узурпација на недвижности”. На првоосомничениот 45 – годишен од Скопје кој го узурпирал земјиштето по барање на обвинителството, судија на претходна постапка, му определи 8 дневен притвор, а на управувачот на градежната машина мерка на претпазливост.

– Намерата на осомничените била во најкраток можен период за време на викендот да го заокружат криминалниот потфат со ставање сопствена рампа со која во иднина би го узурпирале просторот и би профитирале од наплата на паркинг без дозвола. Ова за обвинителството укажува дека тенденцијата на осомничените била и понатаму да се занимаваат со казниви дејствија што го оправдува стравот дека постои опасност тие да го повторат кривичното дело, соопштија од ЈОРМ.

Од ЈОРМ информираат и дека двете лица во петокот вечерта ударнички за само два часа успеале да ја урнат оградата и бетонските столбови за да овозможат пристап на градежна механизација, а почнале да носат и камиони со голема количина песок која ја послале врз зеленилото.

Треба да знаете
Последни објави