Search

Османи си замина од клупата на Шкендија

Сезоната во мак-фудбалот заврши, а трофејниот тренер на Шкендија, Ќатип Османи веднаш по мечот со Работнички си поднесе оставка. Истата ја обелодени на клупскиот сајт од тетовскиот прволигаш.

-Игравме со комбиниран тим и сепак мислам дека ја заслуживме победата. Мислам дека секогаш може подобро. Но, она што е поважно во овој момент е дека ова беше последен натпревар за мене како тренер на Шкендија. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката. Ја имав оваа година, почнувајќи од економите, медицинскиот персонал, техничкиот персонал, раководството, јавноста, „Балистите“ и можеби уште поважно компанијата „Еколог“ која континуирано со години инвестира во овој тим за да изгради европски клуб, изјави Османи.

Шкендија потврди дека ја прифаќа оставката и ќе тргне во потрага по негов наследник.

Треба да знаете
Последни објави