Search

Новиот шампион Струга ТЛ со победа над досегашниот Шкупи ја заврши сезоната

Новиот македонски фудбалски шампион Струга Трим Лум го победи досегашниот првак Шкупи со 2:1, во дербито од последното, 33. коло од Првата лига.

Резултати на другите денешни средби:
Академија Пандев – Силекс 2:2
Скопје – Брегалница 1:2
Победа – Тиквеш 1:4
Работнички – Шкендија 1:2.

Слободна во ова коло беше екипата на Македониоја ЃП.

Конечна табела: Струга 68 бодови, Шкупи 58, Шкендија 57, Силекс 48, Брегалница 41, Тиквеш 40, Македонија ЃП 39, Работнички 37, Академија Пандев 28, Скопје 22, Победа 13.

Струга е нов шампион, Победа испаѓа од лигата, Скопје ќе игра бараж за опстанок против Вардар.

Треба да знаете
Последни објави