Search

Елмас и Несторовски играа, а Наполи и Удинезе загубија

По освојувањето на скудетото во италијанската фудбалска Серија А, Наполи сеуште е во славеничка атмосфера, а тоа во 35. коло го искорсити Монца која пред своите гледачи на гостите од Неапол и ја честита тиулата со два гола (2:0).

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер во тимот на Наполи и остана во игра до 62. минута, Монца поведе во 18. минута со голот на Дани Мота, а победата ја потврди во 53. минута со голот на Андреа Петања.

Уште еден македонски репрезентативец кој настапува во калчолигашката конкуренција, Илија Несторовски се најде во почетниот состав на тимот на Удинезе, кој беше поразе на гостувањето кај Фиорентина (2:0). Гаетано Кастровили во 18. минута од мечот донесе водство за Фиорентина, а Џакомо Бонавентура во 90. минута само го потврди триумфот.

Треба да знаете
Последни објави