Search

Недановски: Битолските навивачи ме нарекоа „ресенскиот Мурињо“

Ракометарите на Вардар ја одбранија титулата во Купот на Македонија, откако вечерва во салата „Билјанини Извори“ во Охрид беа подобри со 26-25 од Пелистер.

Тренерот на Вардар, Владо Недановски по натпреварот кажа дека биле мотивирани пред мечот со битолскиот ривал, а потоа откри што се случило на крајот кога се случи инцидентот пред трибините.

„Во Битола беше поголем притисокот затоа што игравме пред полна сала, но на овој меч игравме добро и во одбраната и во нападот. Важна за победата на Вардар беше желбата и екипата не смееше да остане без уште еден трофеј. Сезоната не е готова, може на крајот да имаме и друга титула. Среќни сме за победата. А за крајот, тоа го кажувам јавно, битолските навивачи ме нарекоа ‘ресенскиот Жозе Мурињо’ и јас немав никаква лоша намера кон нив“, кажа Недановски.

Треба да знаете
Последни објави