Search

Навивач на Лидс се спушти на тревникот и го нападна тренерот на Њукасл (ВИДЕО)

Лидс и Њукасл одиграа еден возбудлив меч во кој видовме три пенали, црвен картон и четири гола за поделба на бодовите и конечни на крајот 2-2.

Со овој резултат дефинитивно не се задоволни двете екипи со оглед на тоа што целта беше победа поради различни причини, домаќините за опстанок, гостите за пласман во Лигата на шампионите.

Воедно средбата на „Еланд Роуд“ донесе и една непријатна, неочекувана ситуација на крајот и тоа во судиското продолжение кога навивач на Лидс се спушти на тревнникот, крај аут линијата и го нападна стратегот на Њукасл, Еди Хау.

За среќе не дојде до посериозен инцидент, реагираше и обезбедувањата, а фанот дефинитивно ќе заработи жестока казна затоа што ова во Премиер лигата и Англија не се толерира.

Треба да знаете
Последни објави