Search

Алкараз се врати на првото место на АТП листата

Карлос Алкараз со победата над Алберто Рамос Винолас, во второто коло на Мастерсот во Рим, се врати првото место на АТП листата.

20. годишниот Шпанец во првиот дуел во кариерата, кој го одигра во главниот град на Италија, го победи својот сонародник со 6:4, 6:1 за 87 минути игра, а од понеделник и официјално ќе да биде тенисер број еден во светот пред Новак Ѓоковиќ.

Србинот кој ја брани титулата во Рим имаше само пет бода повеќе од младиот Шпанец и беше јасно дека Карлитос ќе му го земе првото место доколку заблежи една победа во „вечниот град“.

Алкараз, кој годинава има скор 30-2 и освои четири титули, во третото коло го очекува дуел со подобриот од мечот Лехечка – Марожан.

Треба да знаете
Последни објави