Search

Се урна пешачки мост во Финска, повредени 27 малолетни лица

При уривање на привремен пешачки мост во финскиот град Еспо повредени се 27 малолетни лица.

Десетмина од повредените се во тешка здравствена состојба. Најголем дел од повредените се осмоодделенци.

Според очевидци, на градилиштето бил изграден пешачки мост кој води до еден од трговските центри.

Според спасувачката служба, повредени се млади лица, претежно малолетни. Полицијата поведе истрага за причината за несреќата.

Треба да знаете
Последни објави