Search

„Рамо до рамо до победа” во Струга и Крушево: Странските инвестиции се доказ дека македонската економија е стабилна и конкурентна

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи и Кети Василевска како дел од караванот „Рамо до рамо до победа” денеска беа меѓу граѓаните на општина Крушево.

Во своето обраќање, потпретседателот Битиќи се осврна на мерките и политиките што СДСМ ги презема во интерес на граѓаните и коишто резултираат со јакнење на домашната економија.

– Денеска потпишавме Договор за нова инвестиција на компанијата „Магна” која ги проширува своите капацитети со нова фабрика во Штип, каде ќе се отворат нови добро платени работни места. Пред само неколку недели имавме рекордна странска инвестиција на тајвански „Јагео” која овде во Македонија ќе вложи 205 милиони евра, но и инвестиција од 126 милиони евра на „Гересхајмер”. Заврши времето кога нашата држава беше гледана низ призмата на евтина работна сила, денес во ТИР зоните се отвораат работни места со плати што се над државниот просек. Со сите мерки што ги преземавме, со растот на просечната плата, со одговорните политики, денес македонската економија е конкурентна и атрактивна за сериозни странски инвеститори, порача Битиќи.

Во општина Струга меѓу граѓаните беа членката на ЦО, Славица Грковска и Фарук Омери кои истакнаа дека со изградбата на коридорот 10 Д, Струга, конечно ќе биде подобро и посигурно поврзана како со соседна Албанија, така и со главниот град Скопје. 

Треба да знаете
Последни објави