Search

Мадиќ: Очекувам пратениците да поддржат отворање на Уставот, а работната група да даде предлог до крајот на јуни

Земјата го започна патот кон ЕУ и за да стигнеме и да можеме да почнеме со поглавјата и она што е договорено со преговарачката рамка треба да ги оствариме уставните измени и само тоа е патот кон ЕУ, кажа заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ во гостувањето во ТВ24.

-Лани Собранието го усвои европскиот предлог заедно со заклучоците кои беа прифатени и тие треба да се имплементираат во Уставот. Работната група беше формирана од Министерството за правда за да го состави предлогот и иницијативата за отворањето на Уставот. Беше врачено решение од наша страна на работната група и потоа се беше оставено на нив во однос на методот и начинот на работа. Нашата препорака е да го изработат сето тоа што поскоро, односно изготување на предлог иницијативата на Уставот, рече Мадиќ.

Заменичката министер за правда кажа дека уставната комисија во Собранието, која беше спорна за дел од пратениците од опозицијата воошто нема да биде заобиколена во процесот.

-За месец дена треба да се излезе со тој предлог и верувам дека членовите ќе смогнат сили и до крајот на јуни тоа ќе го остварат, кажа Мадиќ.

Според неа, јавната расправа за сите останати прашања кои ги покренуваат партии или експерти, ќе ја има и ќе продолжи да се дискутира за измени во Уставот и во иднина.

-Во овој момент дискутираме за она што е приоритет за патот кон ЕУ, кажа заменик министерката.

Таа очекува пратениците да се одважат и да гласаат за потребата да се отвори Уставот.

Треба да знаете
Последни објави