Search

ДИЦ ја продолжува голготата на матурантите

Синдикатот на Државниот испитен центар не го прифати предлог решените понудено од Владата, од Министерството за образование и Министерството и реши да продолжи со штрајкот што трае повеќе од две недели.

Со ова, е става под прашања одржувањето на првиот испит од Државната матура, кој треба да се случи на 27мин мај и истовремено создава дополнителна нервоза кај матурантите.

Иако Сојузот на средношколци побара да се пронајде решение за проблемот на вработените во ДИЦ, а државната матура да се помести за некој ден, сепак последната одлука на Синдикатот за продолжување на штрајкот ги стави во неизвесност и паника матурантите, особено оние кои планираат своето образование да го продолжат во странство каде датумите за уписи се веќе дефинирани.

Во оваа училишна година после две години онлајн настава, учениците конечно се вратија во училишните клупи, но образовниот процес беше постојано нарушуван со штрајкови на наставниците, а потоа и со масовни лажни дојави за поставени бомби.

Имајќи го предвид сето тоа, евентуално одлагање на државната матура дополнително ќе им наштети на матурантите, нивниот успех и нивната иднина.

Треба да знаете
Последни објави