Search

Македонија доби тешка група за ЕП во Германија

Македонија доби уште една тешка ждрепка овој пат за настап на Европското првенство во 2024 во Германија. Среќата сакаше да нè смести во групата на домаќинот, во престолнината, Берлин.

Ако двата гиганта на европскиот ракомет не беа малку, нашите ракометари го доби еден од најтешките можни ривали од четвртиот шешир, селекцијата на Швајцарија. Имајќи предвид дека со новиот систем на натпревари на Европските првенства, само првите две селекции од секоја група продолжуваат понатаму, ова ќе биде пеколен предизвик за Кире Лазаров и неговите избраници.

ЕП 2024 ќе почне на 10 јануари, со натпреварите во нашата група А, со тоа што, Македонија ќе отвори против Франција, а Германија и Швајцарија  на фудбалскиот стадион во Диселдорф, пред 50.000 гледачи. Сите останати средби од оваа група ќе се играат во Берлин.

Нашата селекцја во второто коло, дури на 14 јануари игра против домаќинот, а два дена подоцна со Швајцарија.

ГРУПА А (Берлин): Франција, Германија, МАКЕДОНИЈА, Швајцарија

ГРУПА Б (Манхајм): Шпанија, Австрија, Хрватска, Романија

ГРУПА Ц (Минхен): Исланд, Унгарија, Србија, Црна Гора

ГРУПА Д (Берлин): Норвешка, Словенија, Полска, Ф. Острови

ГРУПА Е (Манхајм): Шведска, Холандија, БиХ, Грузија

ГРУПА Ф (Минхен): Данска, Португалија, Чешка, Грција

Треба да знаете
Последни објави