Search

Крај на една ера: Бускетс си оди од Барса

Фудбалерот на Барселона, Серхио Бускетс одлучил да не го продолжи договорот со каталонскиот клуб, кој ќе го напушти на крајот од актуелната сезона, објавија денеска шпанските медиуми.

Шпанските медиуми пишуваат дека Бускетс за ова веќе ги известил челниците на клубот, но ниту една од страните официјално не го потврдила, пренесе агенцијата Хина.

Тоа речиси сигурно ќе се случи во моментот кога Барселона и математички ќе ја обезбеди титулата шпански првак, а прва шанса за тоа е претстојното градско дерби против Еспањол.

Барселона моментално има 13 бода предност пред Реал Мадрид, а до крајот на сезоната остануваат уште пет кола.

Бускетс целата своја кариера ја помина во Барселона. За нејзиниот втор тим првпат играше во 2007 и 2008 година, додека од 2008 година е член на првиот тим.
Во текот на кариерата одигра 143 натпревари за шпанската репрезентација и постигна два гола.

Треба да знаете
Последни објави