Search

Ученикот-убиец во Белград се интересирал за сопствената популарност, а не за жртвите !?

„Зборуваат ли за мене, дали јас сум кралот на мрежите?“. Ваква е комуникацијата на ученикот -убиец, 13-годишниот Коста К. со психолозите и социјалните работници на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци, каде што е сместен и под постојан надзор, откако уби осум соученици, чуварот, а ја рани наставничката по историја и шест соученици, во училиштето „Владимир Рибникар“ во белградската населба Врачар, пренесува Мондо.

Според извор од клиниката на кој се повикуваат српските медиуми, Коста К. не е свесен што направил. Не покажувал инерес за жртвите, туку за сопствената популарност на социјалните мрежи!?

Момчето е под будното око на персоналот. По пристигнувањето бил на разговор со лекарски совет, а претходните денови му биле извршени прегледи.

Масакрот во Врачар и масакрот во Младеновац кои се случија во рок од 48 часа ја завија Србија во црно.

Во случајот со 21-годишниот Урош Б. Кој во местото Дубона кај Младеновац со автоматска пушка застрела 8 луѓе, а рани 14, мотивите за убивањата уште не се докрај јасни. По апсењето, Урош изјавил дека крвавиот пир го извршил поради „омаловажување“.

Според една верзија на приказната, на масакрот му претходел разговор на Урош со мештани од селото во кој тие зборувале за масакрот во Врачар кој се случил претходниот ден.

Во расправијата Урош Б. застанал на страната на 13-годишниот Коста К., оправдувајќи го. Кога наишол на негативни реакции од луѓето со кои разговорал, влегол во автомобилот и си заминал, за потоа да се врати со автоматска пушка, пренесуваат српските медиуми.

 

Треба да знаете
Последни објави