Search

Спасовски: Оние кои го посетиле Охрид еднаш, повторно се враќаат

Со мојот драг гостин, претседателот на ИНТЕРПОЛ, генерал мајор Ахмед Насер Ел-Рајси, уживавме во прошетаката низ Балканскиот Ерусалим – нашиот убав Охрид, познат и како „град на светлината“, што претставува буквален превод на неговото старо име, Лихнид. Секако, задолжителна патека ни беше и кејот на Охридското Езеро, најстарото во Европа напиша Спасовски.

Како велат, оние кои го посетиле Охрид еднаш, повторно се враќаат. Верувам дека природните, културните и историските убавини на Охрид, ќе ги инспирираат нашите пријатели повторно да ја посетат нашата земја, а веќе етаблираната позиција на Република Северна Македонија во меѓународното полициско семејство ИНТЕРПОЛ ќе бидат основа за уште посилна соработка и партнерство.

Треба да знаете
Последни објави