Search

Кој ја контролира Филхармонија ?Протестираат против министерството и Џез оркестарот, а внатре ВМРО-ДПМНЕ организира митинзи !?

Кој ја контролира Филхармонија? Протестираат против министерството и Џез оркестарот додека внатре ВМРО-ДПМНЕ организира митинзи !?

Ова се дилемите во јавноста откако по социјалните мрежи се појавија фотографии од ваквите организирани партиски настани, а претпладнево Синдикатот на Филхармонија излезе со соопштение во кое искажува несогаласување со изјава на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, која проблемот го лоцира како „кавга меѓу џез оркестарот и Филхармонија само од технички и просторен карактер“.

Сепак, не е точно дека министерката за култура така го лоцира проблемот како што велат од Филхармонија.

Таа го кажа ова: “Проблемот беше технички, просторен, но тој исфрли на површина други појави и синдроми со кои ќе треба културната фелата и тоа како да се позанимава, пред сѐ во интерес на македонското творештво и македонската уметност. Мислам на недостатокот на соработка. Мислам на појавите на отфрлање на другиот наместо подавање рака, на исклучивоста и еднонасочната комуникација наместо водењето дијалог и барањето решенија, на субјективноста наспроти помагањето. Во земја која заедно ја градиме како едно општество за сите, среде главен град кој е Град на солидарноста, мораме да најдеме начини да се почитуваме и помагаме едни со други многу повеќе. А простор и опрема? Тоа лесно се решава”.

Треба да знаете
Последни објави