Search

Голем пожар избувна во италијанска фабрика за алкохолни пијалоци

Голем пожар избувна денеска во фабрика за производство на алкохолни пијалоци во италијанскиот град Фаенца во провинцијата Емилија Ромања, соопштија пожарникарите, кои ја евакуирале околината.

Вкупно 60 работници на итната помош го изгаснале пожарот кој зафатил 15 згради. Во моментов нема жртви, а областа во радиус од еден километар е евакуирана од пожарникарите како мерка на претпазливост, а 530 лица морале да ја напуштат околината. Причината за пожарот не е позната.

Акцијата за гаснење дополнително се отежнува поради лесно запалливиот алкохол.

На терен поради густ чад е и провинциската агенција за заштита на животната средина АРПА. Работниците во фабриката најпрво слушнале остра експлозија, а потоа и неколку помали, јави италијанската новинска агенција АНСА. Веднаш се преземени безбедносни мерки и целата локација е евакуирана.

Треба да знаете
Последни објави