Search

Во Мексико Сити по грешка вклучен аларм за земјотрес предизвика паника

 Системот за рано предупредување за сеизмичка активност во Мексико Сити денеска по грешка се вклучи за време на сервисирање, па жителите во паника истрчаа на улиците во очекување на земјотрес за кој се покажа дека е лажна тревога.

Алармот се огласил во различни делови на градот, по што жителите во паника ги напуштале канцелариите и становите, па дури и болниците.

Градоначалничката на Мексико Сити Клаудија Шајнбаум на Твитер објави дека алармот е вклучен, но оти нема вистински земјотрес.

Треба да знаете
Последни објави