Search

Мицкоски: Расправата за бројки и проценти без суштина е навреда за жените

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е организацијата која 19 години се гради, развива, која фаќа чекор со предизвиците на новото време. И во тие бурни времиња свој придонес има секоја членка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и со овие предизвици денес силно и успешно се носи Жаклина Пешевска, жена борец, мајка, сопруга, пратеничка која покажува дека има тим кој може да понуди решенија за нашето општество соочено со толку многу проблеми и тешкотии. Жаклина, ти и Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе ја имате мојата поддршка, мојата енергија на вашата страна во справувањето со сите искушенија кои ги има македонската жена, македонската мајка, македонската сопруга, работничка, македонските хероини, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на настанот организиран од Унијата на жени на партијата.

-Унијата на жени мора да остане да биде најсилниот акцелератор на промените кои доаѓаат и кои се неопходни. Да биде силата на победата која мора да дојде, за да Македонија се исправи. Триумфот и победата над неспособната власт која ќе се случи на избори и која ќе биде победа на секоја жена обесправена од секој агол, од секое населено место во Македонија. Во нивно име ја водиме оваа битка, и треба да се знае дека сме на чекор на големите промени кои треба да не доведат до големата победа. Таа победа треба да ја донесе иднината за која сонуваме. Тој сон пак е Македонија силна држава на слободни индивидуи ослободени од сите стеги и ограничувања, Македонија на креативна енергија, Македонија на правда и правичност. Македонија на силни жени кои се додадена вредност и се гласот на тивкото мнозинство жени чиј глас сега е ставен настрана, рече тој.

-Нашата борба мора да ги опфаќа и оние жени во фабриките чиј труд се искористува и е недоволно платен, оние самохрани мајки кои се жртва на системот кој не ги брани, оние жени кои страдаат од мобингот кој не се казнува, сексизам и шовинизам кој се глорифицира и ни се продава како модерен поглед на работите, оние жени на кои системот им вели дека немаат право на заштита, затоа што моќните го прават тоа што можат. Знајте дека вашата судбина е и наша задача во борбата да ги смениме работите на подобро – посочи Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави