Search

Почина хрватскиот пеач Јасмин Ставрос

Хрватскиот поп пеач Мило Васиќ, попознат под уметничкото име Јасмин Ставрос почина денеска на 69-годишна возраст. Хрватскиот пеач беше голема ѕвезда во Југославија.

Легендарниот уметник ја загуби битката со рак на коските.
Веста за неговата смрт ја потврди неговиот менаџер.

„Вистина е. Јасмин почина вчера во 21 часот. Само заспа и повеќе не се разбуди“, им изјавил на локалните медиуми.

Пред неколку недели на Ставрос му пукнал чир во желудникот, па бил хоспитализиран во Карловац. По санирањето е пуштен на домашно лекување, но болките продолжиле, па бил префрлен во болницата во Загреб каде му бил дијагностициран рак на коските.
„За жал, се потврди најлошото. Имам доверба во лекарите, знам дека тие го прават само најдоброто за мене и се молам на Бога да престанат овие страшни болки. Не знам ни колку лекови против болки пијам, некои помагаат, некои не, а имам впечаток дека болката е постојано присутна. Не можам да спијам бидејќи ме боли грбот, а со болката сум свесен и дека започна најтешката и најголемата борба во мојот живот“, изјави пејачот пред еден месец.

Јасмин Ставрос испеа многу поп-хитови, меѓу кои се и рефрените „Da mi je sto Amerika“, „Samo majka zna“, „Ženo“, „Maro Marice“, „Nemoj se udavat’“..

Треба да знаете
Последни објави