Search

„Рамо до рамо до победа“ во Карпош: СДСМ става крај на огромните камати и заработката од камати

Како дел од теренските активности на СДСМ, „Рамо до рамо до победа”заменик претседателката Сања Лукаревска заедно со членката на ИО на СДСМ, Ивона Кузмановиќ беше меѓу граѓаните на општина Карпош.

Со граѓаните Лукаревска разговараше за економските политики на СДСМ кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните и заштита на нивниот животен стандард.

Заменик претседателката истакна дека СДСМ става крај на огромните каматни стапки и на заработката од високите камати, и додаде дека сите пратеници во Собранието треба да дадат поддршка на измените на законите за облигациони односи и извршување.

– Нашата пратеничка група поднесе законски измени со кои висината на каматата нема да смее да го надмине долгот, а застарувањето на долгот се намалува од 10 на пет години. Со ова ставаме крај на еден долгогодишен проблем на многу наши сограѓани кои плаќаа и десет пати повисоки камати, односно за долг од 1.000 денари, плаќаа и по 10.000 денари камати. Дополнително, со измени на Законот за извршување ставаме крај и на големите заработки од каматите. На овој начин дополнително го штитиме животниот стандард на граѓаните и затоа ги повикувам сите пратеници да дадат поддршка, за овие законски измени бидат што побрзо усвоени, посочи Лукаревска.

Таа додаде дека проектот МојДДВ кој се покажа како крајно успешен продолжува со реализација и со зголемен праг на поврат од 2.100 денари.

– Проектот Мој ДДВ се покажа како успешна алка во концептот Парите назад кај граѓаните. Започнува исплатата на средствата за првото тромесечје од годинава со зголемен праг. Со тоа 10 милиони евра ќе завршат назад кај граѓаните, на сметките на корисниците кои скенираат фискални сметки. Тоа се плус средства во секое семејство, вратени директно од државата, порача Лукаревска.

Треба да знаете
Последни објави