Search

Вознемирувачка аудио снимка од масакрот: Децата не беа свесни, некои се смееја на првите истрели, а потоа почна пеколот

Објавена е вознемирувачка аудио снимка од пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, во кое ученикот од седмо одделение Коста Кецмановиќ уби осум свои соученици и училишниот чувар.

Вознемирувачката снимка од една од училниците започнува во моментот кога се слушаат првите истрели, но учениците се уште не знаат за што се работи, а некои од нив дури и се смеат, додека наставникчката ги смирува.

„Седнете, седнете“, им вели наставничката на децата кои почнале да се смеат кога се слушнале првите истрели мислејќи дека најверојатно станува збор за петарди.

Набргу потоа од ходникот се слушнаат деца како плачат, врескаат и бараат помош.
„Не е ништо смешно, навистина“, вели една ученичка од класот, како што се слуша на снимката.

Истрелите продолжуваат да се слушаат, а гласот на децата кои молат за помош станува се погласен и поблиску до училницата во која се наоѓаа децата.

„Ве молам помогнете“, на снимката се слуша гласот на девојката од ходникот.

Наставничката веднаш реагирала и ги замолила децата да не излегуваат од училницата. „Ве молам, не излегувајте. Ве молам, некој влезе со пиштол“, рече учителката.

Снимката може да ја слушнете тука

Треба да знаете
Последни објави