Search

Врховeн ја потврди пресудата за „27 април“

Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија на седницата одржана на ден 26.04.2023 година, продолжена на ден 03.05.2023 година, одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот познат во јавноста како „27 април“.

-Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда Квп.Кок2. Квп бр.14/22 со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК.бр.40/18 од 15.03.2019 година и на пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ.бр.39/19 од 12.02.2021 година, ги одби како неосновани, велат од Врховен.

Претходно, Апелација пред две години им ги намали казните на осудените за 27 април, односно упадот во Собранието.

Судот тогаш го потврди ослободувањето од обвинение на Игор Дурловски за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик,а им ги намали казните за две годдини на екс директорот на БЈБ, Митко Чавков, кој беше осуден на 18 години затвор, како и на полициските началници Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски, кои добија по 15 години затвор.

Александар Николовски-Нинџа, кој беше сведок на обвнителството за настаните од 27 април, казната му беше намалена за една година, односно е осуден на 7 години затвор.

И на Оливер Поповски, осуден на 13 години затвор казната му беше преиначена и треба да одлежи 11 години затвор. Слично како и останатите и на Мунир Пепиќ осуден на 15 години затвор казната му е намалена на 13 години затвор.

На обезбедувачот во Собрание, Абдуљфета Алими казната од 7 години му беше намалена на 6 години. На обвинетиот Јане Ченто, Апелација му ирече казна од 13 години, односно две години помалку од казната која ја изрече кривичниот суд.

Игор Југ и Вилијам Михајловски исто како и Нинџа добија намалување за една година. Никола Митревски-Кољо, кој беше осуден на казна затвор од 15 години, Апелација ја преиначи во 14 години затвор.

На обвинетите Младен Додевски, Горанче Ангеловски и Влатко Трајковски казната им се намалува за 1 година.

Треба да знаете
Последни објави