За едно работно место со плата до 70.000 денари на коридорите 8 и 10 Д пријавени речиси по тројца

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) за едно огласено работно место на коридорите 8 и 10 Д добило по речиси тројца пријавени. Огласот беше отворен до 25 април, а заинтересираните имаат 13 дена да се пријават.

Јавното претпријатие објави оглас на кој бара 28 работници чии задолженија ќе бидат исклучиво коридорите 8 и 10 Д. Новите вработени во претпријатието ќе имаат основни плати од 29.866 денари до 70.052 денари, а ќе бидат вработени во јавното претпријатие до завршување на проектот, односно до 22.1.2028 година. Овие плати се за 40-часовна работна недела.

Највисока основна плата, 70.052 денара, се нуди за помошник на главниот координатор, а најниските плати од 29.866 денари се за двајца администратори и двајца возачи.

Треба да знаете
Последни објави