Search

Општина Центар: Нема дозвола за трета кула кај „Холидеј ин“, туку за третата фаза за втората кула

Не е издадена градежна дозвола за трета кула кај хотелот „Холидеј ин“ во центарот на Скопје, нагласија за МИА од Општина Центар. Како што појаснија се работи за третата фаза на втората кула.

-Се работи за трета фаза, тоа е за втората кула, до неа што е, лепенка. Дозвола за лепенка, дел од втората кула. Нема издадено дозвола за трета кула, велат од Општина Центар.

Претходно, од „Шанса за Центар“ излегоа со реакција на нивната Фејсбук страница.

– Побрзо ќе се изградат трите големи згради кај „Холидеј ин“, отколку што Обвинителството ќе одговори на пријавата од Аникорупциската комисија за деталниот урбанистички план. Денеска во дневните весници се појави ново известување од Општина Центар дека е издадена нова градежна дозвола за локација. Тоа значи дека Обвинителството цели две години не успеало да одговори на претставката на Државната комисија за борба против корупцијата со која се бараше истрага за тоа како се носел овој урбанистички план, за кој „Шанса за Центар“ многупати укажуваше дека е незаконски. А градоначалникот, кој за жал има лесна рака за потпишување на градежни дозволи, повторно покажа дека не му е важна законитоста на целиот процес, туку што побрзо да ги задоволи интересите на инвеститорите! Ќе остане запаметен дека не се ни обиде да направи каков било чекор за промена, иако над 10.000 луѓе потпишаа онлајн петиција за запирање на планот, пишува во реакцијата.

Сето ова е сосема очекувано, се наведува во реакцијата, „ако се има предвид дека иако Обвинителството уште се нема произнесено, самиот премиер присуствуваше на поставувањето на камен темелникот за втората зграда“.

Треба да знаете
Последни објави