Search

Драма во Лондон пред крунисувањето на Чарлс: Експлозија одекна кај Бакингемската палата

Контролирана експлозија се случила пред Бакингемската палата, а еден маж е уапсен откако фрлил патрони од сачмарка во дворот на палатата, соопшти полицијата, пренесува Би-би-си.
Откако полицијата го приведе напаѓачот околу 19 часот кога се приближи до портите на палатата, беше поставен кордон. Уапсен е поради поседување оружје, пренесува „Скотланд Јард“.

Новинарот Ден Вутон на Твитер објави дека кралот Чарлс бил во палатата во тоа време.

За потсетување, крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети ќе се одржи во сабота, на 6 мај, неколку месеци откако Чарлс го наследи тронот по период на национална жалост за претходниот монарх и интензивни подготовки за раскошната церемонија на устоличување.

Треба да знаете
Последни објави