Во Кисела Вода жена среде ноќ била агресивна па завршила во полициска станица

Скопјанка е приведена доцна синоќа, по полноќ, поради агресивен однос со полицајци. Настанот се случил во Кисела Вода, а станува збор за 47-годишна скопјанка.

„На 29.04.2023 во 01.20 часот на подрачјето на Кисела Вода од полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода била приведена В.К.(47) од Скопје поради тоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави