Search

Љуљ: Јас сум виновникот за оваа катастрофа

Кошаркарот на Реал Мадрид, Серхио Љуљ, презеде денеска целосна одговорност за инцидентот од големи размери што се случи на вториот четвртфинален натпревар од Евролигата против Партизан кој пред време заврши поради масовна тепачка меѓу играчите на двете екипи.

„Преземам одговорност за катастрофата што се случи на паркетот“, рече Љуљ по шокантните сцени на паркетот во мадридската сала.

Сè започна на една минута и 40 секунди пред крајот на дуелот, при недостижна предност на Партизан од 95-80, кога Љуљ жестоко со раката непотребно го удри кошаркарот на Партизан, Кевин Пантер. Кошаркарот на белградскиот тим реагираше на ударот, а тоа само означи почеток на масовна тепачка на паркетот во која учествуваа речиси сите играчи од двете страни.

„Таквите сцени во ниту еден случај не смееше да се случат на кошаркарските паркети. Преземам одговорност за сè. За грубиот прекршок што го направив и за тоа што следуваше. Им се извинувам на сите“, порача шпанскиот кошаркар.

Треба да знаете
Последни објави