Search

Заев и Филипче со мотори пристигнаа на форум во Грција

Eкс македонскиот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче со мотори пристигнале на „Делфи форумот“ во Грција.

Заев за грчкиот интернет портал Вориа објаснил дека патувањето почнало на 22 април од Скопје. Тој  возел низ областите на Западна Грција, а потоа отпатувал и за Пелопонез. Вчера попладне Заев пристигнал во Делфи, каде ќе се обрати на економскиот форум. Потоа тој ќе го продолжи патувањето за Солун, од каде се очекува да замине на Халкидики. Заменик-министерот за финансии Филип Николоски, извршниот директор на „Номагас“, Бајрам Реџепи и поранешниот премиер Зоран Заев, на одвоени панел дискусии, денеска ќе учествуваат на осмиот Делфи економски форум во Грција. 

Треба да знаете
Последни објави