Украдена бистата на Цветан Димов од Градскиот парк во Скопје

Скопската полиција рано утринава добила пријава дека од Градскиот парк во Скопје е украдена бистата на народниот херој Цветан Димов.

„Денеска (28.04.2023) во 7:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градскиот парк во Скопје била одземена бистата на народниот херој Цветан Димов“,велат од МВР.

Оттаму додаваат дека полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Минатата недела беше пријавено дека е украдена бистата на македонскиот поет Славко Јаневски од алејата на поетите на кејот на истекот на реката Црн Дрим во Струга.

Треба да знаете
Последни објави