Сопружници од Волково се истумбале со „ровер“ на Обиколница, жената загинала

На 27.04.2023 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница Скопје, клучка Визбегово, патничко возило „ровер” со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале С.С.(53) и М.С.(54), двајцата од с.Волково, скопско, излетало од коловозот.

На местото на несреќата починала С.С., а со телесни повреди се здобил М.С. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Треба да знаете
Последни објави