Search

Барселона го прегази Жалгирис за водство во евролигашкото четвртфинале

Кошаркарите на Барселона остварија убедлива победа на отворањето на евролигашкиот плеј-оф над Жалгирис со 91-69. Победникот на “Блауграна“ беше решен уште во првата четвртина, која ја добија домашните со убедливи 25-13.

Предноста растеше и во продолжениета, па така “каталонците“ на паузата заминаа со предност од 48-31. Единствената четвртина која ја добија гостите беше третата, но тоа не беше доволно за позитивен исход. Во последниот период повторно тотална доминација на Барселона за убедлива победа од 91-69.

Санли со 17 и Миротиќ со 15 поени беа најефикасни во победничкиот состав, додека Браздеикис со 14 поени беше најдобар поединец кај Жалгирис.

Серијата продолжува веќе в петок, повторно на теренот на Барселона.

Треба да знаете
Последни објави