Search

Манчестер сити му покажа на Арсенал кој е шампион

Манчестер сити со убедлив триумф против лидерот Арсенал (4:1) е на вистинскиот пат во финишот од сезоната да ја одбрани шампионската титула во англиската фудаблска премиерлигашка конкуренција. Сега се е во рацете на „граѓаните“ . Арсенал уште е прв на табелата во Премиер лигата со 75 бодови, Манчестер сити има само два помалку, но има и уште два меча за одигрување, со што ќе имаат голема шанса да го „прескокнат“ директниот ривал за титулата и по третпат едноподруго да го кренат шампионскиот трофеј. До крајот на Прмеиер лигата има уште 5 кола, но се чини дека тимот на Пеп Гвардиола е веќе на пол-позиција. 

Фудбалерите на Арсенал кокј речиси цела сезона се на лидерската позиција во решавачкиот меч за титулата не издржаа многу на Етихад. Уште во седмата минута Манчестер сити дојде до водство со гол на Кевин Де Брујне.

Пред самиот крај на првото полувреме, Де Брујне ја имаше улогата на асистент, нафрли, а Стоунс со глава погоди за 2:0. По девет минути игра во вториот дел нов гол на Де Брујне, како и првиот, така и сега по асистенција од Халанд, Сити поведе со 3:0.

Во 86. минута Арсенал преку Холдинг ја ублажи предноста на Манчестер Сити на 3:1.

Во судиското продолжение, Халанд тргна репчето, за првпат играше со пуштена коса и само неколку минути откако го направи тоа постигна гол за конечни 4:1. Негов 33. погодок оваа сезона во Премиерлигата.

Треба да знаете
Последни објави