Search

Македонија преку Луксембург го трасираше патот до ЕП

Македонската машка ракометна репрезентација оствари очекувана победа во 5. коло од групата во кавалификациите за пласман на ЕП-2024 на гостувањето кај Луксембург (28:23). Со оваа победа Македонија ширум си ја отвори вратата за нов настап на ЕП. Во последното коло Македонија на 30 април во Скопје ја пречекува селекција на Турција и само со двоцифрен пораз може да не го пречекори европскиот праг.

Убедливиот триумф на првата пресметка во Скопје (38:24) го инспирираше домаќинот Луксембург да возврати агресивно, храбро и со нагкласена желба да постигне подобар резултат. Имаа водство на почетокот од мечот со 3:1, потоа и од 6:4.

Македонија постигна три гола во серија, доволно за да го преземе водството и со сигурна игра на полувреме да замине со два гола предност (14:12). Во вториот дел избраниците на Кирил Лазаров успејаа да ја контролираат играта и резултатот, се одлепија и седум гола (18:25) па сето тоа им беше доволно да го приведат мечот до победнички крај.

Голманот Марко Кизиќ имаше одличен натпревар со десет одбрани, а Филип Талески заврши со постигнати осум гола. Кај Луксембург, Лоик Кајсен имаше десет гола.

Треба да знаете
Последни објави