Search

Роналдо со нетрпение чека да заврши сезоната во Саудиска Арабија, за да се врати во Европа

Иако е најплатен фудбалер на светот, Кристијано Роналдо не е среќен во редовите на Ал-Наср од Саудиска Арабија. Работите не му одат добро ни на спортски, ни на приватен план.

Според португалските медиуми, иако има договор со саудискиот клуб до летото 2025 година, Кристијано веќе сака да се врати во Европа. Роналдо кон крајот на минатата година направи сензационален трансфер, но тимот не бележи добри резултати, самиот Роналдо е во променлива форма, не доминира како што мислеше, а и не е задоволен од тренерите во тимот.

Покрај тоа, се појавија шпекулации дека е незадоволен и од случувањата дома, има забелешки за постојаните шопинзи на неговата партнерка Георгина, па тоа е само причина плус за нервозата и размислувањата за заминување.

Роналдо има 38 години, но верува дека може да игра во посилна лига и на своите агенти им порачал како знаат и умеат да му најдат ангажман во Европа, ако треба и во Спортинг Лисабон, матичниот клуб во кој не сакаше да се врати до неодамна, но сега со задоволство би прифатил да потпише.

Треба да знаете
Последни објави