Search

Партизан со тројка на Пантер во последната секунда го сруши Реал во Мадрид (Видео)

Партизан славеше во Мадрид против Реал со 89:87 во неверојатно драматичен меч од четвртфиналето во кошаркарската Евролига. Кевин Пантер е херојот на Црно-белите откако погоди тројка на 0,4 секунди до крајот на средбата.

Неверојатно драматично беше од самиот почеток, кој припадна на гостите. Партизан константно водеше во првата четвртина, во еден момент и со 17:10, а Реал успеа да се врати и по првите 10 минути беше нерешено (22:22). Во втората четвртина Реал стигна до 30:22, но кратко потоа Партизан со одлична игра, го превзема водството (33:32), а гостите на полувреме заминаа со водство од четири разлика (48:44).

Партизан водеше во најголем дел од третата четвртина, но не со повеќе од седум разлика (55:48). Реал се врати во последната четвртина, па Кралевите во еден момент стигнаа до предност од седум разлика (77:70). Партизан се врати и израмни на 80:80, а во последната минута од средбата се влезе со егал 84:84.

Партизан погоди две слободни за предност од 86:84, а потоа Дек на спротнивната страна погоди за 86:86 и доби дополнително слободно фрлање за 87:86 на 21 секунда до крајот.

Во последниот напад Партизан, Кевин Пантер погоди тројка за победа на гостите, на 0,4 секунди до крајот. токму Пантер со 26 поени беше најефикасен кај Партизан, А Дек со 24 поени беше предводник на Реал Мадрид.

Макаби Тел Авив направи брејк во дуелот против Монако и победи на гости со 79:67, во меч на кој гостите во најголемиот дел од средбата имаа предност и на крајот заслужено се радуваа.

Монако само на почетокот водеше со 6:2, а потоа и со 16:15, а кога на почетокот од втората четвртина гостите ја превземаа предноста, успеаа да ја контролираат до крајот. Во средината од третата четвртина Макаби за прв пат поведе со двоцифрена предност 49:37 и потоа речиси во ниту еден момент не дозволија водството да се спушти на едноцифрена предност.

Треба да знаете
Последни објави