Search

Запленетото овошје и зеленчук од акцијата на Кванташки пазар донирано во установите

По завршување на координираната акција на Кванташкиот пазар заеднички одлучивме запленетата роба од овошје и зеленчук да биде донирана во установите каде што е најнеопходна ширум земјава, соопштија од Агенцијата за управување со одземен имот. 

По завршување на координираната акција на Кванташкиот пазар која денес Агецијата за управување со одземен имот и Државниот пазарен инспекторат ја спроведе заедно со Управата за финансиска полиција, Министерство за внатрешни работи, одржавме средба со Горан Трајковски, директор на Државен пазарен инспекторат заеднички одлучивме запленетата роба од овошје и зеленчук да биде донирана во установите каде што е најнеопходна ширум земјава. За прв пат се случува запленетата роба во истиот ден да биде донирана до долуневедените институции.

Донации од запленетите овошје и зеленчук предадовме во ЈУДД „11 Oктомври“ – Скопје, Државно училиште за рехабилитација за деца и младинци со оштетен вид ‘’Димитар Влахов ‘’ Скопје, ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална терапија и медицинска рехабилитација – Скопје, Здружение за слепи лица – Куманово, Ј.З.У Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“, ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“ – Скопје, Институт за белодробни заболувања кај децата Козле, ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје и во КПУ Идризово.

“Изразуваме благодарност до сите надлежни институции за дадената поддршката и цврстиот став за решавање на проблемот со високите цени на производите. Се работи за доброто на граѓаните и секое заобиколување на законите ќе се санкционира, затоа што системот мора да функционира во целост со доследно почитување на законските прописи.

Им благодарам на колегите од Агенцијата за управување со одземен имот и на колегите од надлежните институции кои несебично и најпрофесионално си ја завршија работата.

Продолжуваме понатаму со активностите на терен!” – истакна директорот Дритон Небиу, се наведува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави