Пет лица од Скопје се приведени на патарина кај Гостивар откако нападнале лице на Стража

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчеравечер (23 април) околу 23 часот и 30 минути на наплатна станица Гостивар ги привеле Б.П.(36), Б.Н.(22), Г.А.(34), Ф.Т.(24), Б.Д.(31), сите од Скопје. Тие биле пријавени од 39-годишниот гостиварец Н.М. дека околу 22 часот и 40 минути се однесувале агресивно и физички го нападнале на бензинска пумпа на Стража.

По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Треба да знаете
Последни објави