Search

На Николовски му засметаа 51 отсто домашни компании за автопатите, па измеша баби и жаби за да го лаже народот

Со секојдневните „свиркања“ на раководството на ВМРО-ДПМНЕ станува јасно дека нивната цел е јавноста да добие нечиста слика за значењето на Коридорите 8 и 10 наспроти перспективите кои овие патни решенија ги носат за сегашните и идните генерации пишува фронтлајн.мк.

Така, во медиумите постојано се пласираат дезинформации за „негативности“ од договорот со Бехтел и Енка кои наводно само ВМРО-ДПМНЕ ги знаат, а за кои лесно може да се види дека се неточни или пак контрадикторни.

Една од клучните бенефити во договорот за кој премиерот Ковачевски и вицепремиерите Груби и Битиќи за сето време говорат е дека од инвестицијата вредна 1, 3 милијарди евра, 51 процент, или околу 650 милиони евра ќе завршат во домашни компании.

Тоа секако ќе значи зголемување на економската активност во голем број на области бидејќи кога се работат вакви големи инфраструктурни проекти во градежништвото како економска гранка тоа врзува уште 28-30 други стопански гранки.

Па така свој ангажман ќе имаат придружни индустрии, ќе се градат придружни објекти за сместување на работниците, од подготовка на храна, логистика итн.

Дали за Александар Николовски тоа е неразбирливо или не му се допаѓа па одлучил да го спинува и манипулира овој добар економски податок? Тој 51 процент компании ги претвора во работници и вели: „Ковачевски и Груби лажат дека најмалку 51 процент ќе бидат домашни работници, иако јасно може да се види дека 70 отсто ќе бидат странци“.

Како Николовски успеал да собере баби и жаби навистина е чудно кога до себе го има „математички прецизниот“ Мицкоски. Или можеби проблемот е во свиркачот кој не е баш економски кредибилен па заработувачката на државата ја гледа само низ призма на плата на работникот?

Но и да е така. Токму затоа од Јавното претпријатие за државни патишта објавуваат дека изградбата на Коридорите 8 и 10-д е можност за нови работни места за нашите граѓани и за перспективна економија на државата.

Коридорот 8 и Коридорот 10-д е можност за нови вработувања и од таму порачуваат, заинтересираните работници внимателно да ги следат претстојните огласи за ангажирање стручен кадар за изведување на градежните работи, поврзани со овој најголем инфраструктурен проект во државата.

Јавното претпријатие за државни патишта, посочува дека ангажманот на работна сила за изградба на Коридорот 8 и Коридирот 10-д ќе се реализира согласно постоечкиот закон, според кој (член 11, став 3), јасно стои обврската, стратешкиот партнер да користи најмалку 51% од локални ресурси. Тоа значи дека ако нашата земја има доволно локални ресурси, односно работна сила, бројот на локално ангажираните ресурси може да биде и поголем од 51%.Секако дека доколку на македонскиот пазар на работна сила има доволно работници тие сите ќе бидат ангажирани во процесот на изградба на двата коридори. Но зошто доколку има потреба не бидат ангажирани и странци.

Конзорциумот Енка располага не само со градежна оператива туку сигурно има на располагање и работна сила на која се ослонува во мега проектите на кој има работено во светот. Впрочем и самиот Александар Николовски знае дека и во „нивно“ време на патиштата што ги градеа работеа и Кинези.

За во иднина да нема веќе забуни што Мицковски и Николовски ги пласираат по медиумите, Владата реши договорот од 400 страници, она што од него може да се објави, да им го презентира на сите пратеници, за да можат да ги носат наредните одлуки.

Извор: фронтлајн.мк

Треба да знаете
Последни објави